Вевчанскиот карневал почнува на 12. јануари, еве кој се ќе настапи

Еден од најпознатите карневали во Македонија и регионот започнува на 12. јануари.

Централната карневалска поворка е предвидена за 13. јануари од 13 часот.

Во рамки на карневалот ќе има и богата музичка програма.

На 12. јануари од 20 часот ќе настапат „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“.

На 13. јануари, исто така од 20 часот, ќе настапат Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски со оркестарот на Златко Миладиновски и оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“.

Музичката програма ќе заврши на полноќ со настап на Перо Бели и групата „Вип“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичкиот карневал е на 21. февруари

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести