Вознемирувачка снимка на која се гледа како 15-годишно девојче од крушевското село Јакреново вперува пушка во нејзиниот 11-годишен брат во нивниот дом, се ширеше деновиве на социјалните мрежи.
Станува збор за ловечка пушка, која е одземена вчера откако полицијата им влезе во домот.
Истата, како што информираа од Министерството за внатрешни работи, била на Ф.А. (44), а одземен му е и ременик и дозволата за поседување оружје.
Тој ќе заработи соодветна пријава.














