(Видео) Во Охрид традиционално запален василичарскиот оган под вода

И оваа година нуркачите од Нуркачкиот центар Амфора традиционално кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган под вода и ја најавија Стара нова година, информираа од таму на Фејсбук.

-Со ова нуркачите од Амфора на православните Христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – Денот на рибарите, велат од таму.

Видео: Амфора/Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести