(Видео) Регионалниот хит „Свадба“ од 5.февруари во киното „Синеплекс“

Регионалната хит комедија “Свадба“ на Игор Шереги по премиерите во Хрватска и Србија, пристигнува и во Македонија.

Филмот од 5. февруари ќе се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје.

Станува збор за приказна за две семејства, едното од Хрватска, другото од Србија, и нивните деца кои ќе решат да стапат во брак.

Филмот во Хрватска руши рекорди во гледнаност, а веќе има шанси да стане најгледан филм во хрватската историја. Истото се случува и во Србија каде за филмот се формираат редици пред кино салите.

Настапуваат Драган Бјелогрлиќ, Рене Биторајац, Весна Тривалиќ, Марко Грабеж, Линда Бегоња, Анѓелка Стевиќ-Жугиќ, Роко Сикавица, Ника Грбеља, Јелисавета Сека Саблиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пристигнува хрватско-српската комедија „Свадба“ која руши рекорди уште пред да стигне во кино

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести