(Видео) 40-годишен Британец е единствениот преживеан по уривањето на авионот на „Ер Индија“

Британецот Вишваш Кумар Рамеш (40) е единствениот преживеан по уривањето на авион на „Ер Индија“ во Ахмадабад, Индија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Авион на „Ер Индија“ се урна по полетувањето, загинаа најмалку 242 лица

Останатите 241 патници, вклучувајќи го и екипажот не го преживееа падот на авионот.

Седиште на Рамеш, кој е оженет и има син, било до излезот за итни случаи. Тој моментално е во болница со полесни повреди.

При падот авионот удри во хостел, каде исто така загинаа десетици лица, чиј број се уште официјално не е познат.

Фото: Унсплеш/видео: NDTV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести