Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, информираа од Министерството за здравство.
Досега се пријавени 43.000 граѓани, а пријавувањето е на vakcinacija.mk.
Вакцинацијата се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје.
Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.
Министерството годинава набави историски најголем број вакцини против сезонски грип – 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија.
Фото/видео: МЗ