(Видео) Факт е дека Бугарија работеше против нас, кажа Мицкоски за изгласувањето на Извештајот на ЕП за Македонија

Овој ден како и многу други остануваме горди и со крената глава. Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија. Но, таа блокада не почна денеска, ниту ќе заврши денеска. Таа почна во 1991 година, се случи еден гест од Бугарија на посебноста на една држава, но не се признава јазикот и народот. Бугарија ја призна нашата држава, но не и нашата нација. Требаше да видат некои политичари дека источниот сосед има поинаква агенда, рече меѓудругото премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција по денешното изгласување на Извештајот за напредокот на Македонија на Европскиот парламент, кој беше усвоен без споменување на македонскиот јазик и идентитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонскиот јазик и идентитет избришани: Изгласан Извештајот на ЕП за Македонија

„Нашите политичари се одлучиле чекор по чекор да одат и да го сочуваат мирот кон евроинтеграциите. И тоа е во ред. Дали тезата времето работи за нас, историјата ќе покаже. Но, факт е дека Бугарија работеше против нас. Почнавме низа активности кои ќе придонесат за наоѓање долгорочно решение на нашиот проблем. Немавме амбиции ниту лажна надеж дека ќе успееме. Ја знаеме ситуацијата во Унијата.

Не сме наивни, сето ни беше совршено јасно, никој не беше на тоа дека сега и денес ќе се реши се. Токму затоа го напоменувам признавањето на државата во деведесетите од страна на прв сосед. Јасен показател ни е дека имаат јасна агенда и план, и дека сакаат да ја уништат македонската нација и идентитет“, рече Мицкоски, посочувајќи дека сега Европа може да види со какви предизвици се соочува Македонија.

„Конечно, треба да види светот со какви предизвици и неправди се соочуваме како народ во 21. век. И да оставиме трага на вистината. Ова е нашиот Крушевски манифест, со кој конечно мора ние самите да се мобилизираме и да ги организираме сите пријатели и сојузници, затоа што ова е борба за фундаментални човекови права и вредности.

Ние сме вистинската страна на историјата, а Бугарија видовме дека знае да ја „утне“ вистинската страна. Оваа борба ниту почнува, ниту завршува денеска. Македонија, сите перипетии, колку и да се трагични, имаат успешна дефиниција.

На Европа можеме да и кажеме дека вистината излезе на виделина. И на површина излегоа и оние кои измислуваа за наводни реформи кои излегуваат и наводно за бугарско малцинство кое треба да влезе во Устав и бегаа од суштината. Тие совршено знаеја што е суштината на овие барања, а поврзани со последниот предлог. Услови кои ги нема за никого, сите знаевме, и сега само ги соочивме со нив на еден наједноставен начин.

И еве сега тоа им е на тацна, и затоа не сакам никого, никогаш, никој да ми споменува дека бугарското малцинство е проблем. Тие неколку стотини луѓе, дали биле во Устав или не, не се никаков проблем. Уште утре можеме да ги внесеме. Суштината е повеќе од тоа, и тоа се виде со овие чекори кои ги презеде нашиот сосед.

И ќе остане запаметено дека Извештајот помина на АФЕТ, и се најде на масата пред да помине оној срамен амандман. За првпат во независна Македонија. Што не направи Македонија, какви отстапки, какви понижувања.

Наместо подадена рака, ние запаѓаме во нови кризи. Кога волците чекаа тука да дојдат лидери кои се корумпирани, кои се откажуваа од својот народ, од својот јазик. Најголем проблем за понижувањата е тоа што тие имаа темели во корумпирани полчитичари и неодговорни лидери“, рече меѓудругото Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарски европратеници го искористија Извештајот на ЕП за Македонија за домашни цели, кажа Вајц по неговото изгласување(Видео)

Целото обраќање на словенечката европратеничка Ирена Јовева за македонскиот идентитет во Европскиот парламент

Фото: Влада/видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести