(Видео+фото) Македонските и јапонските срца биеа како едно во Филхармонија

Синоќа во Македонската филхармонија во Скопје се одржа концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“.

Главната ѕвезда и личноста која стои позади овој прекрасен концерт, кој ја воодушеви публиката, беше јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, добро познат на македонската публика по одличната изведба на македонски традиционални песни.

На македонски, но и на јапонски, и заедно, пееја и јапонската сопранистка Чихиро Суганума, македонската сопранистка Елена Васова, јапонскиот женски хор Tomoni Utao и македонскиот мешан хор Про Арс.

Диригент беше и Сашо Татарчевски, а дел од оваа вонсериско искуство беа и пијанистот Иван Трајковски и пијаниската Акико Каназава.

Котецу ја фрли публиката во транс со неговата изведба на „Ако умрам ил’ загинам“ на легендарниот македонски пејач Јонче Христовски, а изведбата на „Македонско девојче“ заедно со сите учесници на концертот беше нешто што може да се доживее само еднаш, а да се памети вечно.

Организатор на концертот беше компанијата Термалифт од Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести