(Видео+фото) Во Албанија уапсен Бесим Шерифи, кој во Македонија е обвинет за тројно убиство

Во Тирана, Албанија е уапсен македонскиот државјанин Бесим Шерифи (52) од селото Копаница, Општина Сарај, кој во Македонија се бара за тројно убиство.

Тројното убиство се случи на 5. октомври 2007 година во Копаница.

Како што пренесуваат албанските медиуми во Тирана тој се криел 10 години, а користел идентитет на државјанин од Косово.

Кај него биле пронајдени и одземени фалсификувани косовски пасош, косовска лична карта и возачка дозвола на име на косовски државјанин.

Откако бил уапсен тој тврдел дека е косовски државјанин, но отпечатоците од прстите откриле дека е Бесим Шерифи.

Албанските власти стапиле во контакт со македонските и дознале дека за него има меѓународна потерница од македонското Министерство за внатрешни работи.

Албанските власти најавуваат старт на процедурата за негова екстрадиција во Македонија.

Фото: Унсплеш/МВР/видео: албанско МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести