Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) објави ексклузивни, досега необјавени снимки и документи од истрагата за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица.
Видео-сторијата на ИРЛ дава реконструкција на критичните часови со службени документи и визуелни докази, поставувајќи прашања за одговорноста по вертикала – од теренските процени и надзорот, до обвинителските одлуки и политичката рамка во која тие се носеле.
Неодамна се навршија шест месеци од трагедијата. Обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство Кочани се уште не е отценет од Основниот кривичен суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во пожарот во Кочани загинаа и осум членови на ДНК: Шест месеци од трагедијата
Кој е Александар Нацев, новиот обвинет за пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев/видео: ИРЛ