Вчера во Скопје започна реконструкцијата на булеварот „Македонија“.
Проектот има пет фази, а ги опфаќа влезовите и излезите од подземната сообраќајница под станбено-деловниот комплекс „Лимак“, која е веќе изградена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нејзиното целосно ставање во функција е возможно само со реализација на сите фази.
Во првата фаза ќе се изврши реконструкција и рехабилитација на постоечкиот коловоз, како и проширување на одделни коловозни ленти.
Проектот ги опфаќа булеварот „Борис Трајковски“ (кај Рампа), улицата „11 Октомври“, улицата „Пролет“, како и крак од булеварот „Македонија“ до влезот во булеварот „Борис Трајковски“, каде што завршува со вклинување во постоечкиот профил и продолжува кон втората фаза.
Во оваа фаза се предвидува и проширување на улицата „Пролет“ во правец од Полициската станица “Пролет“ до “Тутунскиот комбинат“, со дополнителна коловозна лента.
Во другите фази, се предвидува изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“, како и уште два кружни текови на потегот меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Јордан Мијалков“ (Железничка), како и проширување на булеварот “Св. Кирил и Методиј“.
Подземната сообраќајница ќе располага со вкупно шест ленти, четири за двосмерен автомобилски сообраќај, две наменети за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки.
Фото/видео: Град Скопје













