(Видео) Македонски боксерски судија брутално нападнат во ринг во Србија

Македонскиот боксерски судија Стефан Цубалевски брутално беше нападнат во ринг во Србија од страна на азербејџански тренер во финалето до 75 килограми на Европското младинско првенство, кое се одржа во Златибор, Србија.

Тој судеше на мечот помеѓу Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан.

Инцидентот се случи пред крајот на втората рунда, откако Цубалевски накратко ја прекина борбата, по што во рингот влезе тренерот на Агакишијев, кој почна и да го дави.

На крај мечот беше прекинат, а Агакишијев службено го изгуби мечот, па златото отиде кај Мајсторовиќ.

Инцидентот можете да го видете на 3:31:50 од видеото.

Фото/видео: European Boxing Confederation

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести