Вчера во Кочани се одржа нов, 17. “Марш за ангелите“ во организација на родители на загинатите во пожарот во Кочани.
Како и на претходните маршеви, побараа правда за нивните загинати деца, а дел од учесниците меѓудругото посочија дека кочанската полиција има најголема вина за тргадијата, бидејќи кобната ноќ ја затвориле врата на т.н. дискотека „Пулс“, па нивните деца не можеле навреме да излезат.
Најавија дека и понатаму ќе продолжат со маршевите.
Видео: Радио Кочани/фото: Архива/Игор Бансколиев