(Видео) Најмалку 39 лица загинаа во страшна несреќа, при судир на два воза во Шпанија

Најмалку 39 лица загинаа во Шпанија, а 122 се повредени во страшна несреќа при судир на два воза во покраината Кордоба.

Според шпанското Министерство за транспорт во моментот на сударот двата воза се движеле со брзина од околу 200 километри на час.

Возот „Ирио“ излетал поради скршена спојка на шината.

Министерот за транспорт Оскар Пуенте изјави дека несреќата се случила на прав дел од пругата, што била целосно реновирана минатиот мај, а возот исто така бил нов.

При излетувањето, возот се судрил со друг воз кој во тој момент движел во спротивната насока.

Линк до видеата ОВДЕ.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести