Денеска е 18-годишнината од смртта на нашиот Тоше Проески, чиј што глас го освои Балканот.
На 16. октомври 2007 година ретко кој можеше да поверува во веста: Тоше загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.
Тоше се уште има фанови од цел Балкан кои не ги забораваат неговите песни, и се уште прават хуманитарни акции и спортски подвизи во негова чест.
Тој никогаш нема да биде заборавен, бидејќи низ музиката и неговите песни, се сеќаваме на него. Но, и ден денес се уште недостасува пред се таков човек, а потоа и пејач.
Еве некои од неговите најубави песни:
Фото: Игор Бансколиев