Никола Саркози стана првиот француски претседател кој отиде во затвор

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози стана првиот француски претседател кој по 1945 година оди во затвор.

Како што пренесуваат француските медиуми, веројатноста да ја отслужи целата казна од пет години затвор е мала. Неговиот адвокатски тим информираше дека веќе е поднесено барање за негово ослободување, кое ќе се разгледува за околу еден месец.

Тој вели дека е невин, а беше осуден на 25. септември поради тоа што негови соработници наводно барале пари од режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи за финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести