(Видео) Посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, вели Мукаетов, генералниот директор на Алкалоид во новогодишното обраќање до вработените

Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето!, вели Живко Мукаетов, генералниот директор и претседателот на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје меѓу друго во новогодишното обраќање до вработените.

-Компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.

Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики, вели тој во обраќањето, посочувајќи дека денеска Алкалоид е компанија на над 3.000 вработени и на над 6.000 акционери.

-Огромен број иматели на удели имаат доверба во еден систем, стекната низ турбулентни времиња, но со искрен и чесен пристап, доследност и почит, потенцира тој.

Целото обраќање погледнете го во видеото:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на консолидираните продажби за 7%, на консолидираната добивка од 8%, 50 нови вработувања: Што предвидува Бизнис планот на Алкалоид за 2026

Алкалоид го објави Финансискиот календар за 2026

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести