Денеска во Европскиот парламент треба да се гласа Предлог-извештајот за напредокот на Македонија на специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник, Томас Вајц, а расправата започна вчера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков Извештај за Македонија ќе изгласа денеска Европскиот парламент
На истата наместо дебата за тоа како Македонија треба да се реформира на нејзиниот европски пат, што е и главната поента на ваквите извештаи, доминираа омаловажувањата на земјава од страна на бугарските и грчките европратеници, а главната тема беше дали во Извештајот треба да бидат споменати македонскиот јазик и идентитет.
Првично во Извештајот овие референции беа споменати на неколку места, потоа стигна предлог пред нив да стои „модерен“ (сегашен/современ), а на крај предлог тие воопшто да не бидат споменати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На бугарските европратеници на македонски јазик им се обрати и словенечката европратеничка, со македонско потекло, Ирена Јовева, од партијата „Движење за слобода“, која е дел од парламентарната група „Обнова на Европа“, која претходно најави дека нема да гласа за бришење на македонскиот јазик и идентитет.
-За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на Вас за да го признаете тоа Ви треба чесност, инегритет, храброст, знам, рече меѓудругото Јовева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се бришат македонскиот идентитет и јазик во извештајот на ЕП за Македонија
„Модерна“ ЕУ има проблем со македонскиот идентитет и јазик
Што пишува за македонскиот идентитет и јазик во Извештајот на Европскиот парламент
Фото: Јовева/видео: Канал 5