Познат е идентитетот на Македонецот што во четвртокот беше пронајден мртов на улица во Љубљана, Словенија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се работи за 39-годишниот Стојче Ѓоргиев од кочанското село Грдовци.

Како што објави локалната телевизија ТВ Стар тој во Словенија работел како градежен работник и живеел со брат му.
Во Словенија живеел 17 години.
Неговото тело се очекува да биде донесено денеска во Грдовци, каде утре ќе биде и погребот.
Неофицијално, словенечките медиуми објавија дека тој бил претепан до смрт, а бил тепан од најмалку две лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Кочани е Македонецот кој бил пронајден мртов во Љубљана
Фото: Фејсбук/видео: ТВ Стар