Струмичанката Тина Русева, која ја импресионираше германската публика со настапите на натпреварот „The Voice of Germany“, а доби и бројни фанови во Македонија и Европа по победата на натпреварувањето „The Voice of Europe 2025“, ја објави својата прва авторска песна на македонски јазик – „Своја„.
Музиката и текстот се на Никола Буџак, а аранжманот е на Иван Кукиќ.
На песната работел и Зоран Трендов, свирејќи на гитара, како и Борис Шурлан на миксот и мастерингот.
Видеото е на Mo Nemer.














