(Видео) Неколку дена пред концертот, Лозано ја објави новата емотивна балада „Среќен пат“

На само неколку дена од неговиот солистички концерт закажан на 7. март, Влатко Лозаноски – Лозано ја објави својата најнова песна – „Среќен пат“.

Станува збор за нова емотивна балада со која Лозано повторно ја изненадува публиката.

„Ми значи многу оваа песна и едвај чекав да ја споделам со публиката. А за многу скоро подготвувам уште едно изненадување – нова песна во соработка со драги колеги од естрадата“, изјави Лозано.

Текстот за новата песна го напиша младата артистка Луна Ристиќ, музиката е дело на Гоце Симоноски, додека аранжманот го потпишува Лазар Цветкоски. За потребите на оваа песна се сними и видеоспот, на кој како режисери се потпишуваат Гордан Божиновски и Верица Донев Божиновска.

Главните улоги во видеото ги толкуваат актерите Катерина Јовановиќ и Метин Ибрахим, кои брилијантно ја доловија приказната на песната.

Лозано на 7. март ќе одржи концрт во спортски центар „Борис Трајковски”.

Влезници за концертот може да се купат на www.kupikarta.com.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести