Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, се уште не дал исказ за случајот за Државна лотарија, во кој е осомничен за проневера на над 8 милиони евра, објави Слободен печат, кој пишува дека неговата одбрана се уште вршела увид во доказите.
Информацијата за Слободен печат ја потврдиле и од Основното јавно обвинителство.
За случајот истрагата е завршена, ама се уште нема обвинение.
Истата беше отворена пред 14 месеци, по што Груби избега од Македонија.
Прогрес и по 14 месеци нема ни за предметот за Груби откако беше ставен на „црната листа“ на САД заради значителна корупција, заедно со разрешениот судијата Енвер Беџети, за да ја влијаат за предметите за поранешниот прв човек на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
Од Обвинителството за Слободен печат велат дека предметот бил во предистрага.
Груби моментално е во куќен притвор во неговиот дом во скопски Чаир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Артан Груби
Колку полицајци го чуваат Артан Груби
Фото: Груби/Фејсбук














