На денешниот 33. Марш на ангелите, родителите на загинатите во трагедијата во Кочани меѓу друго го прашаа Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, зошто се уште нема обвинение за полициските службеници, осомничени за пожарот во т.н. дискотека „Пулс“.
Исто беше најавено за почетокот на декември, минатиот месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тие меѓу друго посочија дека покажале доволно трпение за овој втор предмет во врска со трагедијата.
-Бараме јасен одговор за статусот на обвинителниот акт, причините за пробивање на рокот утврден до 12.12.2025 година и мерките што се преземени или ќе се преземат во однос на осомничените службеници на МВР. Нашето трпение не е неограничено.
Во отсуство на итен и јасен одговор, ќе бидеме принудени да ги искористиме сите законски и јавни механизми за заштита на правдата и јавниот интерес. Молкот и одолговлекувањето повеќе не се прифатливи, рече меѓу друго, Розета Блажева, родител на загинат.
За трагедијата во тек е и предистрага за трет предмет, за инспектори од Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат. Истата ја води Основното јавно обвинителство Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во Кочани засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“
Личност на годината на еМагазин: Хероите во трагедијата во Кочани
Фото: архива/Игор Бансколиев/видео: Радио Кочани












