Витаминка со зголема добивка во првото полугодие

Витаминка АД Прилеп во првите шест месеци од годинава остварила единечни вкупни приходи од 1,921,576 илјади денари и во споредба со истиот период лани тие бележат раст од 12%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2024 година се повисоки за 12%.

Растотот на приходите е поради зголемената продажба на одредени групи на производи.

Остварените единечни вкупни расходи во првото полугодие од 2025 година изнесуваат 1,853,139 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2024 година бележат зголемување од 15%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето за 2025 година.

Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 26,069 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена за 7%., велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Витаминка ќе дели дивиденда по акција од 400 денари бруто

(Фото) Производите на Витаминка на престижниот China-CEEC Expo 2025 во Кина

Фото: Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести