Владата и Македонија 2025 со Меморандум за соработка

Владата на денешната седница донесе Меморандумот за соработка помеѓу Владата и организацијата Македонија 2025, информираат од Влада.

-Целта на Меморандум е воспоставување на рамка за институционална соработка во следните области од взаемен интерес: унапредување на економскиот и општествениот просперитет на Северна Македонија, зајакнување на врските со македонските иселеници, подобрување на услугите на државата за иселениците, и привлекување на иселениците за враќање, живот, работа и инвестирање во Северна Македонија, поддршка на развојот на претпријатијата и подобрување на деловното окружување, поттикнување на дигитална трансформација во јавниот и приватниот сектор, поддршка на наука, иновации и технолошки развој, велат од таму.

Фото: Фејсбук/Македонија2025

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести