Владата на денешната седница усвоила предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, информираа од таму.
Постапката за негово разрешување од страна на Владата, привремено беше стопирана, поради трагедијата во Кочани.
Врз основа на членот 88 став 1 од Законот за јавното обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители, Владата му предлага на Собранието, Коцевски, да биде разрешен поради „направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на Јавното обвинителство, неовластено изнесување на информации, податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката согласно закон, нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед и поради не постапувајќи согласно обврските што се предвидено со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласно со Уставот“.













