Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на Македонија поради зголемената појава на пожари, информираше денеска портпаролката на Владата, Марија Митева.
Таа објасни дека тоа значи дека на терен ќе се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи.
-Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички, се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, рече таа, посочувајќи дека Владата ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.