Еден од најценетите гитаристи на овие простори Влатко Стефановски имаше чест да се сретне со британскиот крал Чарлс и во таа прилика му го врачи својот актуелен албум “London Sessions“, објавен во издание на Кроација рекордс. Со тоа стана единствен музичар од овие простори кои имал лична средба со британскиот монарх.
Албумот London Sessions е снимен во легендарното Стдуио 3 Abbey Road во Лондон.
„На албумот, со Стефановски свират и неговиот син Јан Стефановски на тапани и Тихомир Хојсак на електричен контрабас. Снимањето и продукцијата ги водеше Горан Мартинац, со асистенција на Ед Фарел и Леах Морис, додека Sean Magee, добитник на Греми за „Mono Box Set“ за Битлси, го направи завршниот lacquer cut.
Музиката на Влатко Стефановски снимена во Abbey Road, од сега ќе се слуша и во кралските одаи. Горди сме што наш изведувач имал можност да ја претстави својата работа и музика од нашето поднебје на британскиот крал,“ објави Кроација рекордс.
Стефановски пак за оваа средба ќе рече дека со Чарлс Трети имал можност да се сретне два пати, еднаш како принц и сега како крал.
Фото: Кроација рекордс














