Во Дојран денеска почнува фестивалот „Дојран Д-фест“, еве кој сè ќе настапи

Во Дојран денеска почнува фестивалот „Дојран Д-фест“, кој ќе трае до недела.

Ќе има пет сцени, а во кампот на Фестивалот ќе има и пет уметнички инсталации на Ангела Георгиевска, Анастасија Саздовска, Камелија Каламерникова, Илина Василеска и Озбек Ајваз.

Ќе биде поставена и изложбата „Заедно дишиме – без хартија“ на Симона Манчева, а ќе има и работилници за уметнички и креативен активизам.

Во завршницата на Фестивалот ќе биде изработен заеднички мурал од Прентовиќ Љиља – Електра и Методија Јованов, како симбол на колективно творење и инспирација.

На Фестивалот меѓудругите ќе настапат ДЈ Методи Христов, ДЈ Никифор, ДЈ Мосел, Ареа, Сенида…

Организатор е „Визуал продакшн“.

Повеќе детали ОВДЕ.

Фото: Општина Дојран/Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести