Наталитетот се зголемува, а негативен е и природниот прираст

Државниот завод за статистика соопшти дека во третото тримесечје од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 4.431 и во споредба со истиот период лани, е зголемен за 3,7 %.

Бројот на умрените лица, пак, бележи намалување од 0,5 % и изнесува 4 849 лица. Од нив 20 се починати доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -418, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести