Во недела на 26. октомври со завршувањето на летното сметање на времето, во 03 часот наутро стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03 часот ќе се смета како 02 часот.
Летното сметање на времето во 2025 година започна на 30. март во 2.00 часот, кога времето беше поместено еден час нанапред.














