Во македонското Собрание денеска е формирана Анкетна комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии во Македонија – пожарот во модуларната болница во Тетово, автобуската несреќа кај Ласкарци и автобуската несреќа во Бугарија.
Ваква комисија бараа и родителите на загинатите во трагедијата во Кочани.
Комисијата е формирана на предлог на владејачките ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам, а за нејзино формирање гласаа 84 пратеници.
Истата треба да ги утврди сите пропусти за трагедиите во изминатиот период кои резултираа со човечки жртви, а добиените наоди понатаму би биле испратени до Владата и до Јавното обвинителство за да се лоцира доколку има политичка и кривична одговорност.














