Во Собранието ќе се формира Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

Во македонското Собрание опозициската СДСМ и нејзината коалиција денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, каде во пожар загинаа 63, а беа повредени 202 лица.

На инцијативата се придружија и пратениците од опозициската Левица, а подршка најави и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, но бара нејзината работа да биде проширена и со другите трагедии.

Анкетната комисија, која ја побраа и родителите на загинатите и нивните семејства на последниот марш во Скопје изминатиов викенд, треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди институционалните пропусти, прекршувањата на законските одредби, како и да лоцира политичка одговорност.

Врз основа на наодите, пратениците предлагаат Анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе Извештај најдоцна еден месец по завршување со работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) “Не сакаме милост, туку вистина и правда“: Родителите на загинатите маршираа во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести