Во судница во Албанија пукано во судија, кој почина: Нејасно како убиецот влегол во судот со оружје

Вчера во судската сала на Апелацискиот суд во Тирана, Албанија, беше пукано во судијата Астрит Калаја, кој подоцна почина на Клиниката за трауматологија во Тирана.

Како што пренесуваат локалните медиуми, во него три куршуми испукало лицето Ѓан Шкемби, кој пукал откако судијата ја прочитал одлуката во врска со неговиот случај.

При пукањето се повредени и татко и син, кои се вон животна опасност.

Случајот кој го судел судијата се однесува за сопственоста на поранешна училишна зграда во Скадар, во која биле сместени 31 семејства, кои го тужеле Шлемби дека со фалсификувани документи станал сопственик на објектот и околната површина и барал од нив да го напуштат објектот.

Албанските медиуми прашуваат како убиецот можел да помина со оружје преку неколку физички проверки и детектори за метал.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести