Денеска во Македонија до 12 часот има три активни пожари, информираа од Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Општина Гази Баба кај селото Виниче, кај местото викано Муратица, каде гори нискостеблеста шума, во Општина Гевгелија на Кожуф планина, кај селото Пeтрово, каде има приземен пожар, преминат во горење на букова шума и во Општина Босило кај Старо Балдовци, каде горат тополи.
Под контрола се пожарите во Општина Гази Баба во селото Трубарево, во Општина Студеничани во депонијата Дрисла и во Општина Делчево, во депонијата Острец.
Изгаснати се шест пожари.
Фото: Влада














