Во судир на два брзи возови во Шпанија загинаа најмалку 39 лица, а над 150 се повредени, пренесуваат локалните медиуми.
Несреќата се случила синоќа во близина на Адамуз во покраината Кордоба, откако брз воз излетал од шините и се судрил со друг воз што доаѓал од спротивната насока.
Причината за несреќата сè уште не е позната.
Фото: Унсплеш













