(Вознемирувачко видео) Повредени две деца: Родител на дете од „Шкупи“ натепа фудбалери пионери на „Брегалница“ во Штип

Сериозен инцидент се случи на денешниот фудбалски натпревар во рамки на Републичката пионерска лига помеѓу тимовите на фудбалскиот клуб (ФК) „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје во Штип.

Како што пренесоа локалните медиуми повредени се неколку деца од ФК „Брегалница“, кои завршиле во болница. Неофицијално едно дете е со скршеница на ногата, а другото со повреди на главата. Засега нема офцијална потврда за оваа информација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви повреди имаат фудбалерите пионери кои ги натепа татко на играч од „Шкупи“ на натпреварот со „Брегалница“

Инцидентот се случи на стадионот Бело Брдо, при крајот на натпреварот во кој „Брегалница„ водела со 2:1. Еден од играчите на „Шкупи“ добил црвен картон, по што на терен влетал родител на играч од “Шкупи“ и со клоци и тупаници се нафрлил на еден од играчите на “Брегалница“, објави телевизијата ТВ Стар.

Според телевизијата неговиот пример го следеле уште неколку родители на гостинските играчи, по што настанала општа тепачка, па била повикана и полицијата.

На крај мечот бил одигран, а резултатот останал ист.

Се очекуваат повеќе детали од Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФФМ остро го осуди тепањето на фудбалери пионери на натпреварот “Брегалница“ – “Шкупи“

Познат идентитетот на мажот кој претепа фудбалери пионери, кои завршија во болница, на натпреварот помеѓу „Брегалница“ и “Шкупи“

Од ФК „Брегалница“ потврдија дека се повредени нивни фудбалери пионери и го осудија инцидентот кој го предизвика родител на играч од “Шкупи“

Видео: Секојдневието во Штип/Фејсбук/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести