Врнежи од зрна мраз кои предизвикуваат брзо и ненадејно замрзнување на коловозите-предупредуваат од ЦУК

Центарот за управување со кризи ја известува јавноста дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од зрна мраз, кои предизвикуваат брзо и ненадејно замрзнување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.

„Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема,“ велат од таму.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести