За 461.250.000 денари или околу 7,5 милиони евра Владата ќе набавува 100 нови амбулантни возила.
Одлуката за набавката била донесена на вчерашната владина седница, информираше министерот за здравство Азир Алиу на неговиот Фејсбук профил.
Средствата ќе бидат обезбедени “со преземање обврски во рамки на развојниот дел од Буџетот во наредните четири години“.
Истите ќе бидат распоредени во јавните здравствени установи низ државата.
Тој информира и дека е донесена и одлука земјиштето на паркингот во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје да се запише во сопственост на државата, со што се отстранува административната пречка за потпишување договор со Јавното претпријатие „Градски паркинг – Скопје“.














