За првпат во Македонија, „Лајон Трајлерс“ промовираше најлесна европска полуприколка за транспорт на опасни материи

Првата македонска полуприколка за транспорт на опасни материи, производ на компанијата „Лајон Трајлерс“ (Lion Trailers) од Гевгелија, беше промовирана во присуство на високи гости и претставници од транспортната индустрија, во СЦ „Борис Трајковски“, информираат од таму.

Овој иновативен производ претставува револуција во домашната машинска индустрија, бидејќи станува збор за најлесната полуприколка од овој ранг на пазарот, изработена според најстрогите европски стандарди и најновата ЕУ Регулатива 858/2018.

„Оваа полуприколка во моментот е најлесната во својот ранг на пазарот со нето тежина која започнува од 4.200 килограми, што овозможува рекордна носивост од 39.000 килограми. Со капацитет на резервоарот од 38.000 литри, возилото е специјално дизајнирано за транспорт на дизел, бензин, керозин и останати нафтени деривати, нудејќи современ дизајн и супериорни технички решенија.

Економската исплатливост на овој македонски производ е потврдена преку заштеда на гориво од 30%, што директно го зголемува профитот на транспортните компании. Ваквите карактеристики овозможуваат целосен повраток на инвестицијата во период од само 24 до 27 месеци,“ информираат од компанијата.

Настанот беше збогатен со учеството на светски познатата германска компанија BPW, лидер во производство на осовини за тешки товарни возила.

Свое обраќање имаше и извршниот директор на BPW Германија, Вагнер Гернот, кој ја потврди соработката и квалитетот на македонскиот производ.

За оваа полуприколка, BPW обезбедува 8-годишна гаранција на вградените осовини, што е дополнителна потврда за издржливоста и сигурноста. Посетителите имаа прилика да го разгледаат и специјализираниот „Инфомобил“ на BPW, каде беа прикажани најновите технолошки достигнувања во индустријата.

Компанијата „Лајон Трајлерс“ е основана во 2023 година во Гевгелија, и за краток период успеа да се наметне на меѓународниот пазар. Нивните производи веќе сообраќаат низ патиштата на Европската Унија, нудејќи модерен дизајн и супериорни технички решенија. Како дополнителна вредност за своите клиенти, компанијата нуди 24/7 мобилен сервис, достапен на секоја локација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести