Плаќаме за ваучери кои дел од студентите ги препродаваат

Наместо да го искористат ваучерот за набавка на електронски уред, дел од студентите го препродаваат истиот за пониска цена по социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стартуваше аплицирањето за ваучери од 15.300 денари за набавка на електронски уреди за студентите

Ваквите огласи очекувано предизвикаа лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, од проста прична што сите ние граѓаните преку даноците ги плаќаме овие ваучери од 15.300 денари, а треба да ги добијат 55 илјади студенти до 29 години.

Ако немаат потреба од нов лаптоп или друг електронски уред, може истиот да го донираат или да го дадат на колега кој неможе да си го дозволи тоа. А има такви.

Студентите во секое нормално општество се предвесниците на промени на подобро, ама во Македонија изгледа и тоа не е нормално.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести