Затвор и одземање автомобили, дел од сообраќајните казни кои ќе важат од почетокот на следната година

Проектот „Безбеден град“ ќе почне да функционира од 1. јануари 2026 година, а претходно еден месец ќе има тест период, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој информираше дека се работи на промена на неколку закони, со кои, меѓудругото е предвидено и казна затвор и одземање на автомобил за сообраќајни прекршоци кои ќе бидат регистрирани преку камерите.

Со измената на Законот за безбедност на сообраќајот, ќе се воведе забрана за користење мобилни телефони и електронски уреди не само за возачите на моторни возила, туку и за пешаците и велосипедистите.

„Со измените се предвидува забрана за употреба на телефони и електронски уреди при управување со велосипед, мопед, мотоцикл, скутер, трактор и други возила, а истовремено и за пешаците при одење, преминување на коловоз или движење по велосипедска патека,“ изјави Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Казни од илјадници евра доколку возите и зборувате на мобилен во Грција, во Македонија казната е само 45 евра

Казни од илјадници евра ако возите и разговарате на мобилен во Грција

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести