Заедно кон поздрави генерации: Баланс+ со поддршка на младите лекари

Баланс+, како бренд кој долги години ја промовира важноста на здравите навики и грижата за целокупното здравје, оваа година го поддржи меѓународниот Симпозиум на млади лекари, настан што обедини повеќе од 150 млади доктори од земјава и угледни медицински предавачи.

Симпозиумот понуди богата програма исполнета со предавања и дискусии посветени на современите медицински практики и предизвиците со кои се соочуваат новите генерации здравствени професионалци.

Препознавајќи го значењето на едукацијата и континуираниот професионален развој, присуството на Баланс+ на овој симпозиум претставува природен чекор во поддршката на теми тесно поврзани со здравите навики и оптималното функционирање на организмот.

Како бренд кој ја истакнува важноста на балансираната исхрана и секојдневната грижа за дигестивното здравје, Баланс+ активно спроведува едукација за добрите нутритивни навики и ја препознава значајната улога на младите лекари во подигањето на свесноста кај населението за здравиот начин на живот.

Поддршката беше насочена кон поттикнување на размената на знаења и искуства меѓу медицинските професионалци, како и кон унапредување на заедничките напори за подобро јавно здравје.

Д-р Александра Георгиева од Здружението на лекари специјализанти истакна: „Симпозиумот ни овозможи извонредна можност да размениме искуства и да се запознаеме со најновите сознанија во современата медицина. Особено ја цениме поддршката од Баланс+, бренд кој гради долгорочен однос со медицинската заедница и ја препознава важноста на превенцијата и здравите навики. Ваквите партнерства ни овозможуваат да ја подигнеме свесноста кај населението и да придонесеме кон поодржлива и поквалитетна здравствена иднина.“

Вредноста на оваа соработка дополнително произлегува од докажаната формула на овој пробиотски јогурт кој 15 години веќе постои на пазарот, а кој е составен од две пробиотски култури (LA и BB) и пребиотик олигофруктоза, што придонесува за довербата што брендот ја гради со медицинската заедница. Ова создава стабилна основа за долгорочна соработка која се темели на заедничката цел – поддршка на превенцијата и унапредување на здравствената култура кај населението.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести