(Видео) Познат идентитетот на загинатиот во несреќата на патот Штип-Велес

Познат е иденитетот на лицето кое загина завчера во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Велес.

Станува збор за М.Н. (72) од Штип, кој како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, починал на лице место.

Во несреќата учествувале возило  „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од починатиот и возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Ј. (18) од Струмица.

Момчето се се здобило со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.

Телото на починатиот е дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Велес

Фото: Унсплеш/видео: ТВ Стар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести