Закани и насилство врз новинарите како и ограничувањата на слободата на изразување, детектира Стејт департмент

Закани и насилство врз новинарите, како и ограничувањата на слободата на изразување, детектира Стејт департмент во најновиот извештај за човекови права во Северна Македонија за 2024 година.

Во извештајот се наведуваат примери на закани, и се потенцира несоодветното однесување на јавни функционери кон медиумите и притисоците врз новинарите.

Извештајот се повикува на состојби кои ги детектирале Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Репортери без граници, а кои се однесуваат на забележителен пораст на насилството и вознемирувањето врз новинарки.

„Медиумите се под силен притисок поради политичката поларизација. Јавниот сервис, пак, сè уште се соочува со недостиг на уредничка и финансиска независност,“ се наведува во извештајот.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести