ЖАС со загуба во првото полугодие, Друштвото се уште е со блокирана сметка

Меѓународен транспорт и шпедиција (МТШ) ЖАС АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил загуба од 3.924 денари, информираат од таму преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи за овој период изнесуваат 61.227 денари, кои во однос на претходниот период бележат пораст. Истите се остварени со наплата по решенија од извршител.

Износот на paсходите за периодот изнесуваат 4.382 денари, кои се состојат од банкарски трошоци и трошоци за извршител и истите бележат пад во однос на претходниот период.

Жиро сметката на фирмата е блокирана од извршител, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести