Почна да се враќа автентичниот изглед на Железничката станица во Скопје, според оригиналниот проект од јапонскиот архитекст Кензо Танге, од 1981 година.
Вчера почнаа да се отстрануваат билбордите и светлосните реклами, процес кој ќе се одвива во фази, а потоа ќе има и чистење на надворешниот дел од станицата и поставување соодветна илуминација.
За Железничката станица е предвидена и реконструкција. Директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски, неодамна најави дека ќе се менуваат и инсталациите, греењето и ладењето.
Реконструкцијата ќе се прави заедно со Архитектонскиот и Градежниот факултет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До јуни нема да има возови од Скопје до Велес и Битола
Фото/видео: Фејсбук/Ивановски













