Македонска државјанка на возраст од 75 години вчера се удавила на Халкидки.
Жената била извлечена без свест на плажата Созополи во Општина Неа Пропонтида, пренесоа тамошните медиуми.
Итна медицинска помош и укажала прва помош по што била пренесена во Здравствениот центар во Неа Мудања, каде што била констатирана смрт.
Телото на жената е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.
Фото: Unsplash