Жичницата има валиден сертификат за работа до 24.09.2025 година, уверуваат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје по пишувањата за нејзината небезбедност и неисправно работење.
“Во моментов се спроведуваат сервисни работи за замена на делови кои се дел од предвидениот годишен сервис. Исто така денес е направен вонреден детален технички инспекциски надзор од Министерството за транспорт и врски во кој исто така не беа констатирани технички недостатоци, односно беше констатирано дека жичницата е во исправна и функционална состојба.
Ве известуваме дека безбедноста е по сите пропишани стандарди и по завршување на тековниот сервис кој се врши месецов, се гледаме на падините на Водно и граѓаните повторно ќе го почувствуваат бенефитот од функционирањето на жичницата,” велат од ЈСП.
Фото: ЈСП