Жито Полог АД Тетово во првите шест месеци од годинава остварил загуба од 19,463 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 85,041 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат намалување за 34%. Во структурата на приходи најголемо учество од 98% имаат приходите од продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во истиот период 2024 година бележат намалување за 34%.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 102,534 илјади денари и во споредба со истиот период во 2024 година бележат намалување за 27%, велат од таму.